Ѓоле потомок на Александар Македонски

popara3 јули, 20111min00
6610ba2b-2b5b-4c26-b7e3-84957b7e270f

Го гледам Ѓоле на Наша ТВ и си велам: не е можно да е ова Нашиот Ѓоле. Реторичен, елоквентен, полн со знаење, полн со себе. И си мислам: па како е можно Ѓоле да има две лица. Едно тотално несигурно, што пелтечи, лице што на секое отварање на уста очекуваш гаф, и второ сосема поинакво. Лице што без здив го слушам, го пијам како стара жолта со македонска салата. Истиов Ѓоле уште кога не знаеше дека ќе биде кандидат за председател, го гледав кај Миленко на Канал 5 и како вчера се сеќавам на маестралниот македонизам, што го потопи секој оној што имаше чест да го слуша тоа време. Како вчера да беше ми одзвонува,,да го пренесеме на новородените, заветот на мртвите,,. И после?!

Е потоа се што направи јавно, беше чудно недоносено. Нејасно, несигурно. И ме разочара.

Пред некој ден сосема случајно го забележав нашиот Ѓоле, кај Јанко во емисија. Ај си велам,ќе се насмеам во овие тажни времиња. И погрешив. Се смеев со Јанко и неговата демагогија, ама Ѓоле ,,се отвори,, идентично како тие убави за него времиња. Течна мисла, сигурна како на голем оратор, татко на нацијата. Искрено, ме зачуди. Ако е на некои таблетки, барем да ми каже да почнам и јас да ги пијам. Ако е до храната, да ми каже и јас да почнам да ја конзумирам. Ама не е ни до првото, ни до второто. Гарант!

Мислам дека на Ѓоле му одговараше модераторот. Јанко е клучот како тогаш Миленко што извлече максимум од нашиот Ѓоле. Со другите на Ѓоле потешко му оди. Ѓоле со овие двајца нема трема. Ѓоле со Миленко и Јанко е маестрален. Предлог: Миленко и Јанко да се назначат за први советници за јавен настап на нашиот Ѓоле. Ѓоле верувајте има што да каже. На Ѓоле мораме посериозно да рачунаме. Браво Ѓоле! Повторно го имам идентичното мислење за тебе, исто како после првиот твој јавен настап што мене лично ми остави одличен впечаток.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma