Кофеинот ги отстранува брчките и темните кругови околу очите

3 јули, 20110
news_5118

Главната состојка во омиленото црно кафе без кое не можеме да си го замислиме денот, добива нова улога.

Последните истражувања покажале дека кремите за лице врз основа на кофеин ги бришат годините и заморот од лицето и ги намалуваат темните кругови околу очите.

Серуми и креми на база на кофеин во моментов се рекламираат, се повеќе се популарни и претставуваат последна чудотворна состојка за разубавување при која се отстранува заморот и брчките од лицето, а жените тоа го гледаат како магичен трик во борбата против темните кругови и ќеси под очите.

Еден таков производ во Велика Британија достигнал толкава популарност што производителот морал да направи листа на чекање која е над 4.000 луѓе. Самиот производ изгледа како метална топка, која се тркала околу очите. Шминкерката на познатите холивудски личности Жорже Даглас ја потврдила ефикасноста на козметички производи врз основа на кофеин.

“Редовно го користам на лицето Џенифер Анистон. Кофеинот прави темните кругови околу очите едноставно да исчезнат”, вели Даглас.

Одри Томпсон, 39-годишна медицинска сестра од Сарија во Велика Британија, го пробала овој производ. Темните кругови и кеси околу очите и биле толку изразени што била подготвена дури и да се подложи на операција. Одри изјавила дека го забележала инстант лифтинг ефектот и за помалку од еден месец користење лосиони врз основа на кофеин, нејзините пријатели почнале да ја забележуваат промената.

“Бев шокирана, сите ми кажуваа дека имам помлад и буден изглед, тоа е единственото нешто што дејствуваше кај мене”, изјавила Томпсон.

Кофеинот ја стимулира циркулацијата на крвта во капиларите околу очите. Ја прави кожата посвежа и поздрава, исто така и очите се помалку потечени. Жените кои користат производи со кофеин, забележуваат очигледни подобрувања по еден месец користење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi