Лондон е градот кој има најголем број корисници на социјалната мрежа Twitter, но ако се избира град во кој луѓето најмногу твитуваат тоа дефинитивно е Њујорк.
Со 2,37% од сите твитови, според податоците од минатата година, Њујорк е градот од каде најмногу се твитува од целиот свет, а Business Insider пренесува дека жителите на Њујорк користат Twitter 30% повеќе од националниот просек.
Аналитичката компанија Sysomos ја објави листата на градови од кои најмногу доаѓаат твитовите, а по Њујорк на листата се наоѓаат Лондон, Лос Анџелес, Чикаго и Атланта.
Листата на педнаесет градови кои најмногу твитуваат можете да ја видите тука.