Глетка на векот! Пош Спајс без високи потептици! Е сега стварно се ближи крај на светот:)

popara23 август, 20111min00
victoria

Дали ви се верува? Викторија Бекам е забележана без високи потпетици. Во текот на целата бременост таа трпела ужасни болки во грбот, а на рентген е утврдено дека нејзиниот ‘рбет не е во ред.

Имено, веќе подолго време таа има силни болки во долниот дел на грбот. Во моментов, таа не може ни да ја држи ќерката Харпер, а да не зборуваме за играње со неа.

Од блиски нејзини пријатели се знае дека таа добива помош од киропрактичар и тим на физиотерапевти, кои ги најмил нејзиниот сопруг Дејвид, а пропратно пие и лекови против болки.

После повредата, таа се обидува да остане добро расположена, бидејќи не сака ова да ја засени радоста поради доаѓањето на свет на малата Харпер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma