Малите зелени ќе не „збришат“

23 август, 20110
vonzemjani naslovna

Научниците на НАСА сметаат дека вонземјани би можеле да ја збришат Земјата и на тој начин би не спречиле да населиме некоја друга планета.

Земјани престанете со загадувањето или ќе ве снема!!!

Со оваа реченица вонземјаните би ни се обрателе за последен пат пред конечниот удар на Земјата. Ова го тврдат научниците на НАСА.

Научниците на американскиот универзитет Pen Stejt и нивните колеги од НАСА тврдат дека глобалното затоплување е контроверзна тема, не само на нашата планета тука и во целиот универзум. Во својата студија тие нудат неколку сценарија за првиот контакт со вонземјаните, а во едно од нив и тврдат дека глобалното затоплување на планетата Земја би можело да биде причина за инвазија од страна на малите зелени.

Како што сценариото тврди, вонземсаката интелигенција на која и е битна хармонијата во универзумот нема да ја толерира „моќта“ на човекот за уништување на планетата на која живее.  Плашејќи се од нашето понатамошно проширување и преселба на некоја друга планета во соларниот систем, вонземјаните ја разгледуваат можноста за инвазија на планетата Земја што секако би било крај на нашиот вид.

Ова сценарио и многу слични на него кои се објавени во студијата детално ги објаснуваат предностите и негативните страни при првиот „состанок“ со Вонземската интелигенција.

Ни самите автори не се сигурни во овие сценарија, меѓутоа предупредуваат дека постои и најмала веројатност да се случи некое од сценаријата. Нивната порака е да престанеме со нашата експанзистичка тенденција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *