Зошто домаќинките се очајни?

23 август, 20110
domakinki

Најчести причини за загриженост и депресија помеѓу домаќинките во Европа се економската криза и намалената куповна моќ, а следуваат одсуството на социјална помош и недоволниот број на места во градинките, покажала неодамнешната анкета.

Ако се верува во најновото истражување на здружението „  Жените и квалитетот на животот’’, помеѓу 4,000 испитани Европејки, италјанските домакинки се најочајни.
Стапката на незадоволни Италјанки изнесува 76 посто оваа пролет, а за 2,5 посто повеќе од минатата година.
Според незадоволството далеку пред шпанските домакинки каде стапката на незадоволство е 63 посто, следат Французинките 57 %, Британките со 51% и Греманките со 47%.

Како најголема причина за загриженост скоро половина од испитаните жени ја навела економската криза и намалената куповна моќ. Втора голема причина е отсуството на семејна социјална помош (24%), недостаток на места во градинки (23%) и лошата ситуација во здравството (21%).

Жените се толку незадоволни со својот живот, што дури половина тврдат дека не би се мажеле повторно кога би моѓеле да бираат, дури две третини велат дека не би раѓале деца, пренесува Метро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi