Го изел својот рекорден 25.000 хамбургер

18 мај, 20110
Го изел својот рекорден 25.000 хамбургер

Американецот Дон Горски вчера го изел совојот рекорден 25000 “Big Mek”, 39 години откако прв пат го пробал. Овој 59 годишен поранешен чувар на затвор во пензија, вчера свечено бил снимен во еден од рестораните на Мекдоналдс во неговиот град Fond du Laku, во државата Висконскин.

Горски, всушност влегол во Гинисовата книга пред три години, откако го изеде својот 23.000 хамбургер. “Имам намера да јадам Биг Мек до мојата смрт. Немам никаква желба за промена. Тоа и понатаму е мојата омилена храна. Ништо во овие 39 години се нема променето, секој ден се радувам“, изјавил тој, пренесува АР.

Спротивно на очекуваното, Горски воопшто не изгледа како човек што консумира брза храна. Тој редовно вежба, а својата витка фигура и ја препишува на хиперактивната природа. Тој додал и дека нема проблеми со здравјето и дека последните анализи покажале дека има низок холестерол.

Неговата опсесија со хамбургерите датира од 1972 година, кога прв пат купил Биг Мек за да го прослави купувањето нов автомобил. Толку многу му се допаднале што се вратил во ресторанот и изел уште шест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi