Конечно беа објавени деталите од смртта на 21 годишниот рапер во подем Слим Данкин. Според извештајот на истрагата, Слим Данкин бил убиен заради чоколадо.
Всушност, истрагата соопшти дека раперот бил убиен бидејќи не сакал да го сподели своето чоколатце со неговите напаѓачи. Тој беше убиен минатата недела пред едно студио во Атланта, каде требало да ги сними насловните фотографии за неговиот албум. По нападот раперот веднаш бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите.
За Слим Данкин, кој на музичката сцена се прослави со хитот „Twitter That“, се претпоставуваше дека бил елиминиран.