Групата голи демонстрантки од Украина го запреле вчера сообраќајот во Цирих, на големо задоволство и заинтересирани погледи од страна на возачите.
Сепак, четирите украинки од движењето „Фемен“ стоеа на улиците замотани со налепници „5,99, Made in Ukraine”, а сакале да покажат дека жените не треба да се третираат како „Продажна стока“.
Една од нив изјавила: „Се обидуваме да ги шокираме луѓето за да им покажаме каква е стварноста, ние не сме против проститутките кои најчесто се присилно приморани да го прават тоа, туку против макроата кои ги искористуваат“.
Движењето „Фемен“ има 300 членови во Киев.