Голи велосипедисти во Чиле
13 јуни, 20110

Двестотини луѓе учестувуваа во првото возење на голите велосипедисти во Чиле кои бараат поголема почит за велосипедистите во сообраќајот. Демонстрантите возеле по улиците на Сантијаго, а скоро сите беа делумно или целосно соблечени. На местото на настанот, сепак се појави и полиција која наводно морала да уапси неколкумина од демнострантите поради кршење на јавниот ред и мир.
Голите велосипедисти го привлекле вниманието за опасностите кои се случуваат низ сообраќајот во Сантијаго, во Сао Паоло и Мексико едни од највалканите градови во светот.
Меѓународното светско движење за World Naked Bike Ride, основана е во Шпанија пред 11 години, а целта им е да се борат за правата на велосипедистите.