Готвач со среќни раце

8 јуни, 20110
gotvach

Кан Тричан 50 годишниот готвач од Тајланд може да ги стави рацете во врело масло за јадење, а без да има опекотини на кожата,  со што кулинарската уметност ја претвори во екстремна дисциплина.

“Супер рацете“ како што му ги имаат наречено на Кан, може без проблем да ги стави рацете во врела вода или во врело масло и да ја извади храната надвор, а при тоа  да нема никакви изгореници.

“Кога ќе ги ставам рацете во маслото, чуствувам топлина, но тоа не создава изгореници на мојата кожа, па затоа немам никаков проблем“, изјавил Кан за својата неверојатна вештина.

Својот талент го открил пред седум години, кога случајно се испрскал со врело масло, а потоа немал никакви и згореници. За време на работата на својата тезга, каде пржи кокошки, паднало  манго од дрво во казанот, маслото се распрскало по него, а тој така приметил за својот талент. Неговите соработници, од околните тезги се зачудиле кога утре дента тој се појавил на работа без никакви опекотини по кожата.

Тогаш Кан, почнал да експериментира со своите раце, сам да ги става во врело масло и од својата вештина и работа да направи права атракција за неговите муштерии.

Тој исто така, влезе во Гинисовата книга на рекорди, како човек кој од врело масло успеа да извлече со голи раце 20 кокошки за една минута.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi