НБА: Далас израмни
8 јуни, 20110
![dallas-mavericks-wes-2000352958](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/06/dallas-mavericks-wes-2000352958-610x269.jpg)
Кошаркарите на Далас го израмнија резултатот во финалната серија од плеј офот од НБА лигата на 2:2 во победи откако во четвртиот меч го совладаа Мајами со 86:83.
Најефикасен кај победникот беше Новицки со 21 поени, зад своето име забележа и 11 скока, Тери постигна 17, Мерион 16, а Чендлер 13 со 16 скока. Во екипата на Мајами Вејд постигна 32, а Бош 24 поени, додека Џејмс запре на осум.
Петтиот меч се игра во четврток навечер, повторно во Далас.