Град од бајките скриен во џунгла- Ангкор Ват

30 јуни, 20110
angkor-wat-006

Ерин Муо, француски истражувач го изненадил светот со една сензационална вест во далечната 1858 година, објавувајќи дека  во средина на џунглите на Камбоџа открил величествен храм што ги засенува тие во Грција и Рим. Тој храм бил со име Ангкор Ват, кој е конкурентен дури и на Соломоновиот храм.

Набрзо потоа се открива дека храмот е само дел од комплекс храмови и палати, изградени во периодот меѓу 800-1200 година на површина од 80км2. Денес во џунглата на Камбоџа се откриени над 1000 храмови и се тоа било дело на народот по име Кмери.

Во записите пронајдени во Ангкор се дознало многу за Кмерите. Тие на врвот на својата моќ, живееле и во делови на Тајланд, Виетнам, Лаос, Бурма. Главно одгледувале ориз поради што граделе огромни резервоари со вода . Владетелот имал статус на крал-бог, така да храмовите биле негови палати, непристапни за поголем дел од народот. Во самиот храм на Ангкор кралот секоја вечер се венчавал со душата на една змија со девет глави која му се прикажувала како жена.

За време на владењето на Сурјаварман Втори (1113-1146) се изградил раскошниот предел на Ангкор Ват. Го посветиле на богот Вишни и го симболизирала центарот на универзумот. Ѕидот што ја опкружувал бил долг 1000м и широк 800м, украсен со 5 кули. Со непрегледна испреплетеност на ходниците и безбројни скулптури бил дом на кралот и боговите.

За време владеењето на Јајаварман (1181-1220) кој бил будист, настанал градот Ангкор Том и храмовите Бајон кои биле посветени на Буда. Биле изградени 52 кули украсени со 2,5 м високи глави кои гледале на сите 4 страни.  Нивниот израз е сличен со идниот израз на Буда статуите, а се претпоставува дека ликот на кралот бил модел.

Околу 1000те години со повеќе од милион  жители бил најголем град на светот. Со откривање на храмовите и записите се открива доста за историјата на Кмерите но и осатанале доста загонетки, како зашто и од што  е опустошен Ангкор? Во 1432 година тие го напуштаат својот град. Има повеќе теории кои биле причините. Снемало вода? Непријателите Чам или Таји ги нападнале? Дали се премориле од крелвите-богови и непрекинато градење на храмовите? Дали од религиозни причини? Или земјата не била веќе плодна за ориз?

Нема писмени наоди за причината па изгледа “Пропаднатата земја на камената фантазија“ ќе ја крие својата тајна.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi