Грчкиот парламент му изгласа доверба на Папандреу

22 јуни, 20110
07greecespan-cnd-articleLarge
Грчкиот парламент, ноќеска, со 155 гласови “за“, 143 “против“ и два “воздржани“, му изгласа доверба на премиерот, Јоргос Папандреу, и неговиот владин кабинет. На гласањето, против довербата на Папандреу биле сите 143 опозициски народни избраници, објави АП, пренесува Нетпрес.
“Побарав доверба за да продолжам со напорите за надминување на кризата и дефицитот, за избегнување на банкрот и за стабилизација на Грција во ’цврстото јадро“ на еврото. Поддршката е договор со грчкиот народ и вложување за излез од кризата. Патот за тоа е исцртан. Имаме поддршка и помош од меѓународната заедница и од Европската унија, која ќе се одрази во гигантски заем“, изјавил Папандреу по гласањето.
До 30 јуни, годинава, треба да биде применет многу непопуларниот пакет од мерки за заздравување на грчките финансии. Токму тој пакет предизвика серија штрајкови, немири и протести низ цела Грција, и го урна рејтингот на Папандреу и неговата ПАСОК.
Новиот грчки министер за финансии, Евангелос Венизелос, кој беше назначен на функцијата минатата недела, ветил дека парламентот ќе ги прифати непопуларните мерки до крајот на месецов, и побара од ЕУ и од ММФ да ја пуштат следната транша од финансиската помош за Грција. Се очекува идната недела грчкиот парламент да излгаса буџетски кратења во износ од 28 милијарди евра, како и други економски органичувања.
Претседателот на Европската комисија, Жозе Баросо, го поздрави изгласувањето на довербата на владата на Папандреу и го нарече добра вест за Грција и за Европската унија.
Земјите од еврозоната, во понеделникот, и дадоа на Грција рок од две седмици за примена на новиот пакет непопуларни економски мерки. Тоа всушност беше и главниот услов за давање на свежи пари, од кои Грција очајно има потреба, за да ја избегне својата неплатежноспособоност.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi