Кинеската економија покажува забавување на растот

22 јуни, 20110
Chinese_flag_(Beijing)_-_IMG_1104
Најновите економски анализи на Кина говорат за забавен раст на кинеската економија, како и раст на инфлацијата, зголемување на цените на работната сила и се’ поголемите долгови на локалните власти, што уште повеќе ќе влијае на слабеење на оваа голема економија.
Неколку економски експерти во Кина неодамна ги намалиле своите предвидувања врзани за економскиот раст за оваа и следната година на околу 8,5 отсто од претходните девет до десет отсто.
Од почетокот на светската економска криза, Кина станала водечка економска сила. Но, од минатата година, Кина се труди да ги контролира сите поголеми заеми на банките како начин да се спречи раст на инфлацијата и цена на недвижнините.

Овие мерки не само што го ослабеле економскиот раст во Кина, велат аналитичарите, туку започнале да влијаат и на други проблеми во финансискиот систем. Аналитичарите исто така забележуваат дека во последните неколку недели и извозот започнал да покажува знаци на опаѓање.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi