Грција “натрапник“ во Евро зоната

19 мај, 20110
greek-flag-glow-1
Министрите за финансии на евро зоната два дена разговарале за должничката криза, пред се’ за Грција. Таму не е пресечен коренот на злото: преголем државен апарат, неконкурентна економија, а владата се двоуми за продажба на државен имот, пишува “Дојче Веле“, пренесува НетПрес.
Министрите за финансии ветила помош за Португалија, но за возврат очекуваат Лисабон да преземе одлучни мерки за да воспостави ред во буџетот. Меѓутоа со односот на Грција, министрите и понатаму се незадоволни. “ Кој се прошверцувал во евро зоната, мора дополнително да ја исполни домашната задача“, изјавила министерката за финансии на Австрија Марија Фектер. Министерката алудирала на фактот дека Грција влегла во евро зоната на основа на “лажирани“ економски показатели, кои не ја одразуваат фактичката состојба во презадолжената Грција.
Освен понатамошните мерки за штедење на министрите од Атина се очекува и опсежна приватизација на државниот имот. “Ако може во Португалија и Ирска, зашто не би можело и во Грција“, им порачал на грчките политичари европскиот комесар за монетарни прашања Оли Рен. “не станува збор за политичка игра, туку се работи за судбина на нацијата, околу националната одговорност на водечките политички фактори во земјата“, рекол Рен.
Само доколку Грција воведе дополнителни напори, доверителите се подготвени да ги намалат каматните стапки или да го продолжат рокот за отплата на кредитите.
“Доколку се докаже дека она што го презема Грција не е доволно, во тој случај ќе мора да се разгледаат мерки кои нема да паднат врз грбот на даночните обврзници, туку ќе мора да се вклучи и приватниот сектор и тоа доброволно“, рекол германскиот државен секретар за финансии Јерг Асмусен.
Но, тешко е да се поверува дека банките – доверители би можеле доброволно да се одречат од побарувачката на Грција. За сега и мнозинството во владата и претставниците на Европската унија ја отфрлаат идејата за делумно отпишување на долговите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi