
Барселона последната понуда за Цеск Фабрегас ќе ја испрати на адреса на Арсенал на 29. мај, пишуваат медиумите на Островот.
Шпанскиот гигант е фокусиран на мечот на сезоната, финалето во Лигата на Шампионите со Јунајтед, кое се игра на ‘Вембли’, но тој ден ќе го искористат и да ”скокнат” до ”топџиите” на преговори околу Фабрегас.
Според некои извори, Барселона ќе понуди 26,5 милиони фунти, плус двајца играчи во замена за својот поранешен играч за врска.
Арсен Венгерги сака Тијаго Алкантар и Бојан Кркич, па управата на Барса најверојатно ќе мора да ги испрати токму тие двајца во спротивен правец.
Во Арсенал стравуваат дека Шпанецот го одигра својата меч во нивниот дрес, бидејќи поради повреда ќе го пропушти последниот натпревар во Премиер лигата со Фулам.
Самиот фудбалер не ја крие желбата да се врати на ”Камп Ноу”.
Проблем при трансферот може да претставува цената која ја одреди Венгер, а изнесува 45 милиони фунти.
Сега повторно на потег е менаџерот на Арсенал.