Груевски: Луѓето од Балканот гледаат подобра иднина во обединета Европа

popara9 јули, 20111min00
Macedonian Prime Minister and leader of the biggest ruling party VMRO Nikola Gruevski speaks during an interview with Reuters in Skopje

Верувам дека денеска Хрватска на некој начин го симболизира напредокот што земјите од регионот го постигнаа на патот кон Европската унија, комплетирајќи го болниот транзициски период, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето на самитот “Нова декада на Југоисточна Европа – завршување на процесот на транзиција“ што денеска и утре се одржува во Дубровник, Хрватска.

“Транзицијата ќе заврши кога ќе ги комплетираме  сите реформи и кога тие ќе почнат да даваат резултати што ќе придонесат да станеме полноправни членки на НАТО и ЕУ.  На крајот на транзицијата луѓето од Балканот гледаат подобра иднина во обединета Европа и ние треба тој стремеж да го претвориме во реалност. Над се треба да знаеме како да работиме и да размислуваме на европски начин“, рече премиерот Груевски.
Осврнувајќи се на последната декада од минатиот век, рече дека сега на Балканот се надминати разликите, но додаде дека се уште има отворени прашања меѓу некои земји за кои се прават напори да се решат преку дијалог.
“Напредокот на соседот се доживува како сопствен напредок. Во тој контекст сакам да им четитам на нашите пријатели, народот и политичкото раководстово на Хрватска  за успешното завршување на преговорите за членство во Европската унија. Земјите на ЈИЕ можат да бидат горди со напредокот во последните 10 години. Ги завршуваме транзициските процеси и се соочуваме со нови предизвици во развојот што барат многу напори и ентузијазам. Во исто време се соочуваме со потребата да ги завршиме реформите, да усвоиме нови алатки за економски раст и нови идеи како да биде ме конкурентни и да привлечеме капитал можеби повеќе од било кога“, рече Груевски.
Треба да се фокусираме, нагласи, на соработката, помошта, разбирањето и долгорочните визии за да ги исполниме очекувањата на нашите граѓани и да отвориме перспективи за идните генерации.
“Најдобар начин за да се соочиме со овие предизвици е да ги фокусираме нашите напори во натамошен демократски развој, да продолжиме со градењето добрососедска клима и соработка, да ги оставиме недоразбирањата на минатото и да станеме дел од ЕУ и НАТО“, потенцира македонскиот пермиер.
Осврнувајќи се на Македонија, Груевски потсети дека неодмана во земјава се одржаа парламентарни избори на кои повторно победија партиите што ја сочинуваа претходната Влада. Изборите, како што кажа, од меѓународните и домашните набљудувачи беа оценети како најуспешно организирани досега со што Македонија уште еднаш ја потврди својата готовност и демократска зрелост и ја оправда препораката на Европската комисија за почеток на преговорите со ЕУ.
“Сега кога треба да составиме нова влада подготвени сме да направиме се што можеме за да најдеме решение за проблемите кои се уште постојат. Ќе направиме максимум што можеме за да бидеме дел од позитивниот тренд што се случува во регионот“, вети Груевски.
Како позитивни работи за Балканот ги оцени завршувањето на преговорите за челенство во ЕУ на Хрватска, апсењето на Ратко Младиќ, напредокот на Србија и Црна Гора кон евроинтеграциите и јасната ориентација на Босна и Херцеговина и Албанија кон европската иднина.
Македонскиот премиер нагласи дека постојните членките на ЕУ очекуваат од новите членки да ги исполнат своите должности, но посочи дека  постојат и очекувања од земјите кандидати Унијата да продолжи да ја промовира политиката на отвореност и интеграции, што е многу важно за нив.
“ Значаен дел од процесот на евроинтеграции е затворањето на отворените билатерални прашања по примерот на Словенија и Хрватска. Во тој контекст Македонија очекува ЕУ да посвети поголемо внимание не на рационалниот, туку на емоционалниот аспект на проблемот со нашиот јужен сосед поврзан со нашето уставно име, што сигурно ќе доведе до успешно затворање на проблемот. Ќе продолжиме да бидеме активни за да се најде прагматично решение на спорот кое ќе се базира на принципите на незагрозување на националниот идентитет и почитување на различностите што не се само наши, туку се и основни вредности на ЕУ. Кога зборуваме за решенија кои нема да го загрозат националниот, јазичниот и културниот иднетитет на било која нација ние сме водени од принципиелни аспекти“, рече Груевски.
Тој смета дека сега е време да се најде соодвеен начин за да се воспостават правила за кохабитација што ќе им овозможат на локалните и централните власти да ја докажат својата способност да создадат услови за хармоничен и квалитетен живот на секој граѓанин.
“Република Македонија докажала дека е вистински партнер на меѓународната заедница и земја која значајно придонесува во стабилизацијата на регионот на ЈИЕ и како функционална мултиетничка демократија на ЕУ и Балканот им покажала дека соживотот на различни етнички и верски групи е возможен. Сите луѓе на Балканот треба да го искористат бранот на позитивна енергија, соработка и почит во регионот и конечно да го затвормие поглавјето на транзицијата и да гледаме напред кон европското семејство бидејќи ние сигурно припаѓаме таму со нашата култура, цивилизиација и вредности“, потенцира премиерот Груевски.
Самитот во Хрватска на кој присуствуваат претседатели и премиери на земјите од Југоисточна Европа е посветен на економијата, безбедностните предизвици во контенст на неодамнешните настани во Јужниот Медитеран и европските перспективи на земјите од регионот.
Извор: Нетпресс
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag