Модниот бренд Guess за ова лето лансираше колекција која е толку нежна и романтична, но истовремено и многу секси. Што се однесува на модните додатоци, пред се чантите тие се најчесто во бела, црвена, сина и крем боја. Морнарскиот дезен е исто така многу застапен. Чипката, белата боја одаваат нежност и романтичност, но во комбинација со црвената, црната и сината добиваат поинаков, секси изглед.