ОН: Интернетот основно човеково право

Пристапот до интернетот е човеково право и еден од приоритетите на сите држави да мораат да овозможат пристап до интернетот на сите граѓани, се навело во извештајот од Обединетите нации.
“Со оглед дека интернетот стана незаменлив инструмент во борбата за широк опсег на човековите права, борбата против нееднаквоста, но исто така придонесува за побрз развој, обезбедување на универзален пристап до интернет треба да биде приоритет за сите земји “, рече Frenk La Ru,специјалниот известувач од Обединетите нации.
Тој посочи дека интернет-пристапот е особено важен во услови на криза, како што беа во Тунис и Египет, и дека владите мора да се грижи и да ги избегнат легислативите кои би можеле да доведат до блокирање на интернетот.
За разлика од другите медиуми, интернетот не е врз основа на еднонасочен начин на комуникација и тоа го прави револуционерен, вели La Rue, кој додал дека интернетот ги прави луѓето веќе да не се пасивни примачи на информации.
Целосниот извештај е објавен Лос Анџелес тајмс , a можете да го прочитате тука.