Како да ја победите главоболката

11 јуни, 20110
glavobolka

Главоболката може да се појави како резултат на проблеми со синуси, умор, стрес или замор на очите. Најчести причини за главоболката се стресот, загриженоста или напнатоста кои се пропратени со спазма на мускулите на вратот.

Со арома терапија може да си помогнете да ја ублажите болката. Се препорачува да се користат есенцијални масла од рузмарин, еукалиптус, лаванда, ментол и лимон. Како алтернативни методи се јавуваат масажа, инхалација, купка. Или пак направете ја секоја од нив.

Масажа. Што се однесува на овој метод, потребно е неколку капки од маслата да ставите на дланките и да се масирате во пределот на слепоочниците и вратот. Кај вратот дланките движете ги нагоре и надолу, по должината на вратот, а кај слепоочниците од назад кон напред.

Инхалација. Оваа метода се препорачува како превентива, или кога главоболката е во почетна фаза.

Купка. Во топлата купка ставете 10 капки масло од лаванда, 8 капки масло од лимон и 8 капки еукалиптус.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *