Гугл ја обвинува кинеската влада за блокирањето на Г – маил

popara21 март, 20111min00
500x_gmailbigpic3

Пребарувачот “Гугл“ ја обвини кинеската влада за блокадата на нивната електронска пошта во Кина, јавува Би-Би-Си, пренесува Нетпрес. Корисниците во Кина исто така тврдат дека властите го спречиле пристапот до Г- Маил. Од “Гугл“ порачуваат дека не забележале никакви технички неправилности и ја повикуваат кинеската влада дека “внимателно предизвикала блокада за да излезе дека се работи за проблем со Г – Маил“. Блокадата се случи во момент на кампањата преку Интернет со која се повикуваат граѓаните на Кина на протести слични на оние кои се одвиваат во земјите на Блискиот Исток. Би-Би-Си пишува дека минатогодишниот напад на кинеските хакери на Г – Маил предизвика тензии во односите Америка – Кина. Исто така, од тогаш “Гугл“ делумно се повлече од кинескиот пазар.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag