Гути: Кристијано Роналдо не е играч за големи мечеви

29 јуни, 20110
cristiano_ronaldo550[1]

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Шпанија, Хозе Марија Гути рекол дека разликата меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо е во тоа што Португалецот игра лошо на важни натпревари и големи мечеви.

“Роналдо е одличен фудбалер и во многу мечеви беше човекот на одлука. Сепак, во големи натпревари тој не ја прави разликата на теренот во полза на својата екипа, како што тога го чини Меси во Барселона.” – изјавил Гути пред шпанските медиуми.

Оваа сезона Роналдо беше прв стрелец во првенството на Шпанија со 40 погодоци, но титулата шампион ја освои Барселона.

Меси, од друга страна, постигна“само” 31 првенствен гол за Каталонците, кои минатата сезона ја освоија и титулата првак на Европа.

Гути, сега член на турски Бешикташ, признал дека Барселона и понатаму е подобра од Реал и изразил жалење што во мадридскиот клуб повеќе нема играчи од младинската школа на “кралскиот клуб”.

“Реал сеуште не го достигна нивото на Барселона. Ќе им биде многу тешко да ги симнат од врвот. Моето најголемо разочарување е што Реал, освен Икер Касиљас, нема ниту еден фудбалер од младинската школа на клубот. Наместо да развива своја школа, Реал троши пари на доведување играчи од страна.” – рекол Гути, кој за тимот од Мадрид играше од 1995. до 2010. година.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *