Во напад на хотел во Кабул загинале 10 цивили и 6 напаѓачи

29 јуни, 20110
mn-afghan09_ph_0498750742
Во петчасовен напад на талибанските командоси над еден од најголемите хотели во Кабул загинале десет цивили и шест напаѓачи самоубијци.
Група од шест вооружени лица со опасни експлозиви влегле во хотелот Интерконтинентал, место каде што се сместени странци и авганистански официјални претставници.
Силите на авганистанската полиција веднаш го опколиле хотелот, а меѓународните сили во земјата “ИСАФ“ испратиле два хеликоптери.
Според зборовите на еден авганистански претставник, напаѓачите имале елеци со експлозиви, автоматско оружје и ракети.
Шефот на кабулската полиција Ајуб Саланги рекол дека покрај напаѓачите загинале најмалку уште десет цивили, сите од Авганистан и дека е голем бројот на повредени.
Голем број авганистански претставници од целата земја биле во хотелот за време на нападот. Присуствувале на конференција за пренос на одговорноста за безбедност на земјата на авганистанските сили кои треба да започнат во јули.
Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид ја презел одговорноста за нападот и рекол дека цел на талибанските борци биле странските гости во хотелот.
Мерките за безбедност во хотелите во Кабул се зајакнати по нападите во 2008 година на вториот најголем хотел во тој град , кога загинале седум лица, вклучувајќи и тројца странци.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi