Хакери го блокираa сајтот на ЦИА и влегоа во интернет страницата на Сенатот на САД

16 јуни, 20110
CIA Glossy Wallpaper

Хакерската група “Лулц секјурити“ го блокираше сајтот на ЦИА и по вторпат во една недела навлезе во интернет-страницата на Сенатот на САД.

Хакерската група за нападите известила преку соопштение на нивниот Твитер профил.

“Тангото заврши“, објавиле од групата. Жртва на нападот на “Лулц секјурити“ беше јавниот сајт на ЦИА кој не содржи доверливи информации, а нападот не може да влијае на операциите на американската разузнавачка агенција.

“Од Сенатот на САД не успеаја да преземат доверливи податоци“, соопштуваат американски темедиуми. Сајтот на Сенатот беше цел на напади и за време на викендот.

“Лулц секјурити“ станаа познати во изминатите неколку недели откако презедоа одговорност за редица напади меѓу кои и на јапонските компании “Сони“ и “Нинтендо“ и врз американски телевизии.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi