
Од следната година во трката за златната статуа за најдобар филм ќе се воведе нов елемен на “изненадување”, што значи дека бројот на номинирани најдобри филмови ќе варира од пет до десет.
Академијата на филмска уметност и наука одлучи бројот на номинирани за Оскар да остане тајна до последен момент. Конечниот број на филмови кои ќе влезат во финалната трка ќе бидат соопштени на денот на објавување на номинации во јануари.
Новиот систем е воведен како би се постигнало поголема возбуда. Но, и да бидат номинирани филмови кои навистина тоа го заслужуваат.
BBC потесетува дека Академијата размислува и за замена на досегашниот начин на гласање, кој се врши по пошта да се замени со гласање по пат на интернет.