Хакери го умреа Мaрдок!

19 јули, 20110
72841

Хакери го нападнале интернет сајтот на најтиражниот британски таблоид “Sun”  и објавиле вест дека медискиот магнат и сопственик на магазинот Руперт Мардок е мртов.

Одговорноста за нападот на еден од најсилните медиуми во Британија ја превземала хакерската група Lulz, пренесуваат агенциите.

Сајтот на таблоидот е нападнат по само неколку часа откако ја објавиле веста дека човекот кој пријавил дека новинарите од таблоидот ги прислушувале телефоните на познатите, Шон Хор е пронајден мртов.

На својот твитер профил хакерската група Lulz во понеделникот вечерта обајвиле дека во нејзина сопственост е New of the world/Sun, се додека на нејзината насловна страница на порталот не стои наслов “Откриено е телото на медискиот магнат“.

Скандалите со новинарското прислушување телефони во Британија никако да стивне. И покрај фактот што Мардок го прекина работењето на контроверзниот таблоид  New of the world и упати извинување до јавноста, последиците од аферата се се повидливи.

Поради тој скандал во неделата оставка даде и шефот на полицијата Пол Стивенсон, како и неговиот заменик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *