Интернет користат 485 милиони Кинези

19 јули, 20110
kinanet

Бројот на корисници на интернетот во Кина постојано расте, а до крајот на јуни се достигнала бројката и нов рекорд од 485 милиони корисници, јавила АР.

Овој нов пораст е во голема мера последица на луѓето кои се приклучуваат на интернет од своите мобилни телефони, истакнале во извештајот од кинескиот информациски центар.

Бројот на корисници на интернет во Кина, кој инаку е најголем во светот, пораснал за една година за 15,5%. Кинеската влада активно ја промовира употребата на интернетот во работната и образовната област.

Бројот на лица кои сурфаат на интернет преку мобилни телефони денеска изнесува 318 милиони, што е скок за 14,8% во однос на минатата година, наведува кинескиот информативен центар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi