Хакери повторно нападнаа 25 милиони корисници

3 мај, 20110
playstation_network_down_april_29

Sony објави дека последиците од хакерскиот напад се многу поголеми од што се претпоставувало. Од 77 милиони податоци на корисниците на PlayStation мрежата, украдени се уште 24,5 милиони податоци на корисниците од мрежата Sony Oline Entertainment.

Новите 24,5 милиони податоци, вклучуваат имиња, адреси со точни информации за улици и градови, државите и поштенските броеви, е-маил адреси, податоци за пол, датум на раѓање, телефонски броеви, лозинки и кориснички имиња.

Додека од  Sony тврди дека деталите за кредитните картици на корисниците на PSN мрежата се заштитени во фајлови кои не се лесно достапни, кај корисниците на мрежата Sony Oline Entertainment во соопштението не се изјасниле за овој дел.

За да бидат работите уште полоши, можно е дека недостасуваат податоци за 12.700 кредитни и дебитни картички на корисниците надвор од САД, и непозната е судбината на 10.700 банкарски сметки на корисниците од Германија, Австрија, Холандија и Шпанија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *