Исчезнатата ќерка на менаџер од “Лукоил” е најдена мртва
3 мај, 20110

Ќерката на висок менаџер на “Лукоил” Викторија Теслок, исчезната на крајот на март годинава, била најдена мртва, пренесе РИА Новости, цитира Нетпрес.
“Девојката од пронајдена случајно, покрај пат кој се наоѓа не далеку од градот Талдом во Московската област. Телото е најдено при топење на снегот”, соопштиле надлежните институиции.
Официјална информација за случајот од страна на полицијата или од претставници од нафтената компанија се уште нема.
Извор: Нетпрес