Хашим Тачи: Позади нередите стои Белград!

28 јули, 20110
hasimtaci

Косовскиот премиер Хашим Тачи ги обвини властите во Белград дека стојат зад немирите во северниот дел на Косово.
На вонредната прес-конференција во Приштина, Тачи изјавил дека хулиганите кои го запалиле граничниот премин Јариње биле предводени од претставници на “српските паралелни структури во северниот дел на Косово”, и дека тие се поддржани и финансирани од претставници на официјален Белград.
Според Тачи, КФОР и косовската полиција се обидуваат да ја задржат контролата на граничните премини Брњак и Јариње.
“Нема да има компромис. Реципроцитет во трговските односи помеѓу Косово и Србија ќе мора да се постигне. Ние сме соочени со проблеми и тешкотии, но во никој случај нема да биде повлечена одлуката на реципроцитет”, изјавил претседателот на косовската влада.
Тачи изјавил дека Косово е татковина на сите нејзини граѓани и ги повикува сите граѓани да го зачуваат мирот и да имаат доверба во институциите на Косово и на КФОР. Според неговите зборови, косовските власти имаат одлична соработка со КФОР.

“Сценариото на Србија за поделба на Косово никогаш нема да се реализира. Никогаш во изминативе 12 години не сме биле толку одлучна во тоа. Нашета уставна и законска обврска е зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Косово”, изјавил Тачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi