Хавиер Бардем противник на Џејмс Бонд
2 февруари, 20110

На шпанскиот глумец и оскаровец Хавиер Бардем му е понудена улога во 23-то продолжение од познатите Бонд филмови, а деталите околу улогата која му е понудена на глумецот се уште се тајност. Сепак, традиционално покрај главната улога на Бонд, најзначаен следен лик е негативецот и противиникот на познатиот агент. По трет пат Бонд ќе го игра Даниел Крег, а филмот треба да стигне во кино салите до 9 ноември 2012 година. Овој пат филмот ќе биде во режија на Сем Мендез.