Скарлет јохансон и Рајан Рејнолдс повторно заедно?
2 февруари, 20110

Од како помина само еден месец по барањето за развод, Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс повторно се заедно. Тие се видени во еден луксузен ресторан “The Little Door”, во Холивуд. Цела вечер ја поминале разменувајќи си нежности и насмевки. Вработените во ресторанот изјавиле дека тие воопшто не изгледале како некои што некогаш поднеле развод. За да ги избегнат контактите со новинарите и папараците пред ресторанот, парот заминал од задната страна, од споредниот излез. Најверојатно, Рајан ја прекинал кратката романса со Сандра Булок, која се сметаше за главна причина за нивниот развод.