Хејг: Гадафи ја напушти Либија! Веќе е на пат за Венецуаела:) Ќе игра пасијанс со Чавез:)

22 август, 20110
84282

Либискиот лидер Моамер Гадафи го напуштил домот и се упатил кон Венецуела, изјавил британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг, повикувајќи се на информации “, кои дошле” до него.

После итниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел за ситуацијата во Либија, британскиот министер бил запрашан дали Велика Британија или некоја друга западна земја знае дали Гадафи го напуштил Триполи.

“Не знам дали е уште таму, но сепак до мене дојдоа некои информации кои сугерираат дека тој е на пат кон Венецуела”, изјави Хејг.

Британски официјални лица истакнале дека Хејг не алудирал  “на медиумите, туку на информации од други извори.”

Висок претставник на венецуелската влада ги негирал тврдењата дека Гадафи е на пат кон Венецуела.

Светските медиуми се повикуваат на различни извори и пренесуваат дека Гадафи ја напуѓтил Либија, наведувајќи различни дестинации на кои либискиот лидер се упатил. Некои медиуми тврдат дека Гадафи, со своите синови се упатил во Италија, други пак тврдат дека е на пат за Алжил.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *