Херцег Нови

12 јуни, 20110
velika_64

Херцег Нови претставува центар на истоимената општина кој се простира од граничниот премин Дебел брег, до најдолгиот дел од Бока которска, на вкупна површина од 235км2 и брои околу 39.000 жители. Херцег Нови има специфична микро клима што е последица на отвореноста кон југ, близината на морето, варовнички подлоги и планински закрила кои го спречуваат продот на ладните воздушни маси. Херцег Нови има приближно 200 сончеви денови во годината. Во јули и август има 11 сончеви саати дневно. Просечната годишна температура е околу 16С.

Денес, Херцегновската ревиера се протега во должина од 25 километри и опфаќа 7 населенија, односно туристички места од кои секое има некаква карактеристика и специфичност. Ќе споменеме неколку места: Мељине, Бјела, Дјеновци, Кумбор, Зеленика…Тука се и најубаво средените плажи. Вкупно се 62 (регистрирани) плажи кои се протегаат во областа од Њивице до Мачак на полуостровот Лустца. Покрај атрактивните природни, Херцег Нови последниве години обилува со многу модерни плажи, кои се сместени во близина на хотелите и покрај одмаралиштата.

Плажата Њивице е јавна плажа, сместена во истоимената населба. Од Херцег Нови е одалечена 4 километри. Претставува комбинација од камен, песок и бетонска подлога.

Во местото Суторина, кое е неколку километри одалечено од  Херцег Нови, кон запад, се наоѓа најголемата јавна плажа на херцегновската ревиера, со површина од 9000м2 – Блатна плажа. Богата е со многу лековит песок и кал. Плажата на Рехабилитациониот центар Игало, исто така е јавна, но бетонска плажа. Сепак најатрактивна јавна песочна плажа е Рафаело, која се наоѓа под истоимениот туристички комплекс.  Според многубројните анкети на туристите, Рафаело се наоѓа на прво место кога се во прашање плажите во Херцег Нови.

Како и останатите јавни плажи и плажата Миласиновица  е отворена за сите туристи како и граѓаните на Херцег Нови, во текот на целата сезона. Се наоѓа во местото Топла.

Последните неколку години за туристите атрактивни станаа и плажите Зањице и Мириста. Зањице е најомилената туристичка област на херцегновската ревиера. Плажата која тука се наоѓа е јавна, настаната од бетон и песок.

Сите наведени плажи поседуваат лежалки, чадори, тушеви, вода, струја…Голем број на плажи поседуваат дополнителни услуги како кафе-барови, ресторани и сопствен паркинг.

Кога веќе зборуваме за плажите и нивните капацитети во Херцег Нови, важно е и да споменеме дека во последно време на туристите им се интересни две актуелни плажи. Во близина на пристаништето е „Yachting club“-от, отворен за сите туристи и граѓани. Направен е од бетон и песок и нуди комплетна услуга. Ако сте љубител на егзибиции на море. „Yachting club“ нуди изнајмување на скутери, обука и опрема за нуркање, велосипеди…Во рамките на хотелот „Plaza“ во Херцег Нови се наоѓа комплетно уредена плажа со површина од 3.600м2.

Доколку се одлучите одморот да го поминете во Херцег Нови, најдобро е да посетите што повеќе плажи, бидејќи сите имаат што да ви понудат. Ако сакате брзо да стигнете до плажите, можете да изнајмите туристички такси чамец, поголеми такси бродови или кајчиња кои воглавно може да ги најдете на градското пристаниште. Информации за тоа како да стигнете до плажите кои сакате да ги посетите ќе добиете од љубезните Новљани  во многубројните туристички агенции, ресторани или Туристичката организација на градот Херцег Нови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi