Холестерол и исхрана

9 јуни, 20110
healthy-foods-2

Холестеролот е супстанца која нормално се наоѓа во сите делови на телото од мембраната, преку мозокот до мускулите, кожата и нервите, со кои телото треба нормално да функционира.

Телото го користи холестеролот за да создаде многу хормони, витамин Д, како и создавање на жолчни киселини. Ншето тело содава холестерол толку колку што му е потребно, без додавање на исхраната.

Дел од холестеролот не наоѓа во крвта, па според тоа ако имате зголемување на вредноста на холестеролот во крвта, зголемени ви се шансите за развивање на астеросклероза и на тој начин исчезнува подлогата за срцеви болести.

Најголемата причина за зголемено ниво на холестерол во нашиот организам се предизвикани со внес на заситени масти во организмот, висок внес на холестерол од животинско потекло, наследно, дебелина и намалена физичка активност. Многу студии покажале дека со намаленото ниво на холестерол во крвта го намалувате ризикот од болести.

Постои исхрана која се препорачува на луѓето кои имаат покачено ниво на холестерол во телото, а тоа е од рибата, телешко месо, пилешко месо, јаболки, цитрон, овес, јачмен, грав, моркови, јагоди, трици и се што спаѓа под овошје и зеленчук.

Се препорачува користење на маслиново масло, масло од семки од тиква или од сончоглед. На храната која ја јадете додадете антиоксиданси во облик на витамин Ц и Е, пета каротен и ако е потребно и некои минерали.

Покрај споменатата исхрана важно е да се зголеми физичката активност и намалување на телесната тежина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi