Honda CR-Z Hybrid 2011 бунтовник кој грижи за околината
18 април, 20110
![0](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/04/0177-610x269.jpg)
Хибридите обично ги водат како возила со недостаток на добар дизајн. Дизајнерите во Honda го покажаа спротивното и со новиот модел Honda CR-Z Hybrid потврдија дека гордо можат да одат рака под рака со останатите спортски модели на пазарот кога е во прашање добриот дизајн.
Honda CR-Z Hybrid дефинитивно не е фамилијарно возило, тоа е спортски двосед кој наликува на прочуениот модел CR-X. Како додатоци може да се напоменат Bluetooth HandsFree линкот и сателитската навигација на Honda.
На пазарот може да се најде со 1.5-литарски, 4-цилиндричен мотор, опремен со 6-степен менувач на брзини и 10-киловатно Nickel Metal Hydride батериско пакување. Максимална брзина на овој модел изнесува 200 километри на час.