Хормонот “оцитоцин“ причина за појава на постпородилна депресија?

19 мај, 20110
Depresija-zena-498x

Бремените жени имаат ниско ниво на хормонот “оцитоцин“ се повеќе подложни да им се развие постпородилна депресија која се јавува во ист процент кај мајките кои дојат, како и кај оние кои не го прават тоа, покажале резултатите од швајцарското истражување, објавено во весникот (Neuropsychopharmacology).

Научниците дошле до ова откритие според мерење на нивото на “оцитоцин“ во крвта на група жени за време на последното тромесечје кај трудниците, пренеле француските  медиуми.

“Оцитоцин“ е хормон кој доведува до контракции на матката за време на породувањето и го стимулира создавањето на млеко за доење.

Испитувањата обавени на животни покажале дека оцитоцинот има улога во зголемување на поврзаноста помеѓу детето и мајката.

Сега, како што велат експертите, треба да направат повеќе истражувања за да се утврди дали промената на нивото на оцитоцин за време на бременоста може да придонесе да се спречи појавата на постпородилна депресија, која ги погодува 19 % од жените по породувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi