Во четвртокот во Индијана се одржа концерт на кантри музика. Но, концертот заврши трагично. Се срушила конструкцијата на сцената и загинале четворица, кои смртно биле повредени, а уште најмалку 40 се повредени.
Се сомнева дека причината за падот на целата конструкција е силниот ветар и дождот кој почнал да паѓа пред самиот концерт. Многумина од присутните се обиделе да ги фатат остатоците од конструкцијата да не ги затрупаат луѓето, но сепак некои не успеале да се спасат.