ХОРОР!! Мајката за да си ги спаси децата ги ставила рацете во муцката на куче убиец!

24 август, 20110
halloween--mad-dog-mike-savad

Триесет и едно годишната Карен Грејвс била на пикник во паркот во Манчестер со петгодисниот син и четиримесечната ќерка кога одненадеж се појавило големо куче и пред нивните очи растргнало мало кученце од расата Кокер Шпаниел. Ужасната гледка се одвивала пред очите на нејзиниот син, кој како што изјавила се уште е истрауматизиран.

Кога било сигурно дека го докрајчило малото кученце, бесното куче се нафрлило на количката на четиримесечното бебе, која за среќа била празна. Карен почувствувала дека најлошото допрва следи т.е. дека гневното куче ќе и ги нападне децата, па така таа легнала на земја и на кучето му ги ставила сопствените раце во уста. „Кучето речиси и ги изело рацете на Карен. Цела бев во крв и само слушнав како децата плачат“, вели Карен. За нападот сведочеле неколку лица, меѓу кои и самата сопственичка на гневното куче.

Децата биле отргнати од грозоморната сцена од страна на група тинејџерки се додека не пристигнала полицијата, а Керен веднаш била префрлена во болница каде и бил извршен комплициран медицински зафат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi