Храбриот Дедо Мраз по повод божиќните празници им донесе подароци и на тигрите кои живеат во зоолошката градина во Квинсленд, Австралија. Суматранските тигри Баши и Сунит добија подароци, јадење и играчки од Дедо Мраз, кој ги посети во нивното живеалиште во зоолошката градина. Убаво спакуваните подароци тој лично им ги дал на тигрите, а успеал и да го нахрани Баши со млеко.
Менаџерот на зоолошката градина Гилс Кларк изјавил дека подароците не траеле долго.
„Од моментот кога Дедо Мраз ги донесе подароците, Баши нестрпливо чекаше да види што има во нив. Тој беше многу возбуден и веднаш кога замина Дедо Мраз тој ги изеде сите подароци“, нис смеа раскажал менаџерот.