Храна која го забавува стареењето

popara31 мај, 20111min00
Red-Tomatoes-

Бадеми. Бадемите содржат голема количина на витамн Е, витамин кој е важен за правилна функција на мозокот. Памтењето ќе ве служи одлично. Освен тоа витаминот Е помага при заштита на стареење на кожата. Бадемите штитат и од срцеви болести.

Домати. Тие содржат голема количина на антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот од појава на рак на мочниот меур, простатата, белите дробови.

Компирот. Слаткиот компир содржи голема количина на витамин Ц со помош на кој се одржува младешкиот изглед на кожата. Со еден компир на ден појавата на брчки ќе ја намалите за 11%.

Спанаќ. Попај не јадел спанаќ без причина. Тој содржи многу магнезиум и железо и многу витамини кои го подобруваат квалитетот на кожата и коските.

Рузмарин. Тој е одличен за срцето. Една студија покажала дека со редовно консумирање на рузмаринот, ризикот од срцеви заболувања ќе се намали за 40%.

Зелен чај. Тој е одличен антиоксидант и е одличен за превентива од рак.

Темна чоколада. Ги подобрува функциите на мозокот и позитивно влијае на артериите.

Туна. Туната освен тоа што е вкусна, има и многу витамини кои ја подмладуваат кожата, а исто така го штити срцето од заболувања.

Морков. Полн е со витамин А, кој е важен за убавината на кожата. Ја спречува појавата на запушување на порите, а со тоа и кожата ќе диши слободно.

Црвено вино. Една чаша на ден е доволна за да си го зачуваме здравјето. Успешно го регулира холестеролот и штити од хронични заболувања.

Јогурт. Активните и добри бактерии го помагаат варењето на храната и го подобруваат имунитетот.

Ореви. Богати се со омега-3 масни киселини. Со само 30 гр изедени ореви, во текот на денот ќе ја внесете потребната количина на овие киселини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag