Директорот на тенискиот турнир во Умаг, Хрватска, имал идеја да му понуди луксузна вила на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Првиот човек на турнирот во Умаг, Хрватска, Славко Расбергер сакал да им понуди луксузни вили на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал кога тие двајца настапувале на турнирот во Хрватска, но идејата не била реализирана. Славко посебно ги издвоил 2003 и 2005 година кога двата најдобри тенисери на денешницата играле на овој турнир.
– Идејата беше да им понудиме луксузни вили во Умаг, кои се прилично скапи, но тие за возврат ќе мораат да настапуваат следните пет години на нашиот турнир. И самите знаете дека тоа би бил одличен маркетинг за овој турнир, но, за жал, мојата намера беше одбиена, изјавил Славко Расбергер.