Хрватскиот генерал Готовина осуден на 24 години затворска казна

15 април, 20110
1
Двајцата хрватски генерали, Анте Готовина и Младен Маркач, се осудени на вкупно 42 години затвор, додека третиот, Иван Чермак, е ослободен од обвинението, одлучи денес Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија.
Судот во Хаг ги објави пресудите на тројцата  хрватски генерали Анте Готовина, Иван Чермак и Младен Маркач, обвинети за злосторничко здружување во текот на акцијата “Олуја“.
Генералот Анте Готовина добива затворска казна од 24 години (од кои ќе биде одземен периодот што генералот го поминал во притвор – околу 5 години).

Казната затвор кој ја доби генералот Младен Маркач е 18 години (земајќи го во предвид времето поминато во притвор од 4 години), додека Иван Чермак беше прогласен дека не е виновен по сите точки на обвинението и во најкраток временски период ќе може да ја напушти притворската ќелија во Хаг.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi