И’ ја одземале ќерката на која и ставала ботокс

17 мај, 20110
BotoxGirl

Британката Кери Кемпбел, жената која јавно призна дека на нејзината осумгодишна ќерка и става ботокс и ја депилира со восок, викендов остана без старателството над малото девојче.

Откако беше емитуван ТВ прилогот, викендов социјалните работници ја одземаа малата Бритни Кемпбел од нејзината мајка.

Таа во прилогот збореше за тоа како ја подготвува нејзината ќерка за натпревар на убавина а ботоксот и депилирањето ќе и помогнат подобро да се пласира.

Малото девојче се пожалило дека инјекциите кои нејзината мајка и ги вбризгува во лицето ја болат, но издржувала бидејќи не сакала да има брчки.

“Необично е мајката на својата осумгодишна ќерка да и става ботокс  а тоа е секако добра причина за истрага“, изјавиле од социјалната служба.

Мајката пак со изјава дека идејата за тоа ја добила од другите мајки кои своите ќерки – модели ги носеле на третмани за убавина.

“На натпреварите за убавина луѓето говорат за тоа како на децата им давале инјекција за поголеми усни или  за да ги сокријат брчките. Сите тоа го правата и зборуваат за тоа. Не правиме ништо нелегално, а не сакам мојата ќерка да биде единствената без дополнителна помош кога станува збор за убавината“, изјавила нејзината мајка.

Таткото на малата Бритни починал пред четири години.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit