Всадена во мирните Хималајски планини, Ananda In е луксузен спа резорт на Хималаите во близина на митолошкиот град Rishikesh, опколен со маѓепсаната шума Сал, гледајќи на спиритуалнаата Ганг, родното место на индиските антички уметности на јога, медитација и Ayurveda.
Ananda е повлекување посветено на обновување на балансот и хармонизирање на енергијата, преку холистични пристап, кој вклучува принципи на заздравување на Истокот и Западот со специфичен фокус на Ayurveda и Ароматерапија, заедно со модерна спа технологија. Во срцето на центарот фокусот е на интеграцијата на филозофиите на Јогата и Ayurveda покрај терапиите на комплетното тело, додека се инкорпорираат петте елементи на природата, со што се креира харнонија помеѓу умот, телото и духот.
Поставен помеѓу 100 ари на шума и отворен во Септември 2000, луксузниот спа во Хималаите е изграден околу имотот на Махараџата и лоциран 260 километри северно од Њу Делхи. Во склоп на резортот се Поткралската Палата, Спа од светска класа, 75 делукс соби и апартмани, 3 приватни вили со најпрекрасен поглед на реката Ганг и на планините.
Со највисоки стандард на услуга, луксузно сместување, иновативно служење на храната и поглед на планините кои ве оставаат без зборови, Ananda се претвара во интернационално призната оаза на збогатување на искуствата дизајнирани за ве обноват, препородат и ревитализираат.
Гостите можат да се задлабочат во комплетно подмладување во 24.000 квадратни стапки спа со широк избор на терапии 21 просторија за третмани и 4 простории за консултации. Оваа шик спа исто се одликува и со луксузни хидотерапевтски направи, институт за убавина, надворешен базен со контролирана температура, сауна, соби со пареа и комплетно опремен а гимнастичка сала. Сликите се учтивост на Ananda на Химелаите.