И изборот на храната зборува за него

17 февруари, 20110
salsa

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за вашиот партнер, тогаш направете го тоа преку изборот на неговата омилена храна.

Чипс и екстра зачинета салса. Веројатно се работи за човек кој сака авантури и секогаш е расположен за нови работи во животот. Луѓето кои сакаат пикантна и екстра зачинета храна, сакаат да патуваат и сакаат промени.

Пилешко и свежа салата. Се работи за човек кој е спонтан, креативен, и поголем алтруист од поголемиот број просечни луѓе.

Дупли чизбургер со помфрит. Тој е особа која сака да поминува време во домашен амбиент. Неговата визија за идеална вечер е седење дома, гушкање на каучот и спремање на вечера заедно.

Пица. Тој е особа која сака да биде во центарот на вниманието, драми околу секоја ситница.

Пита од вишни. Тој има “слатка”особина. Луѓето кои го сакаат киселиот вкус се социјални пеперутки. Нив ги задоволува работата, финансиската сигурност и времето поминато дома.

Сладолед од ванила. Тој е невообичаен и со него нема да ви биде досадно. Но, овие особи сакаат и ризик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *