Морската храна ги топи маснотиите
17 февруари, 20110

Доколку сакате да изгубите неколку килограми, тогаш морските плодови ќе ви бидат прав сојузник во тоа. Затоа практикувајте почесто да се наоѓаат на вашето мени лососот, туната и морските плодови.
Тие изобилуваат со омега 3 масни киселини, кои се одлични за топење на масните наслаги особено во пределот на стомакот. Исто така овие состојки се одлични за смирување на нервите и на целиот нервен систем.
Оние кои практикуваат да јадат риба и морски плодови два пати седмично, по ефикасно ги губат масните наслаги и без да променат нешто повеќе во исхраната. Морската храна исто така одлично делува за намалување на можноста од проблеми со помнењето и концентрацијата.