И на Боно може да му се случи такво нешто

4 јуни, 20110
bono-vox

Боно Вокс и неговиот асистент се нашле во незгодна ситуација на патот во близина на Ванкувер. Нивниот автомобил се расипал и морале долго време да стопираат за да ги качи некој, а по некое време и дождот не бил на нивна страна.
За среќа, се се завршило добро. Стопирајќи подолго време успеале да најдат превоз. Хокеарот Гилберт Брул и неговата девојка Келси Николс се сложиле да ги превезат Боно и неговиот асистент до Ванкувер.
“Го сакам хокејот, бидејќи хокеарите се вид на луѓе кои ќе застанат на автостопер”, изјавил Боно на концертот во Едмонтон (Алберта). “Ова го знам од лично искуство”, додал тој.
Додека се возеле заедно воделе интересни разговори, и Боно хокеарот го опишал како доста кул и смирен човек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma