Ибрахимович – Мамката на Милан за ангажирање на Роналдо

13 април, 20110
i

Од Милан и понатаму ја актуелизираат приказната за ангажирање на напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо во своите редови. “Кориере дело Спорт” дознава дека како мамка за “кралскиот клуб” би можел да биде понуден Златан Ибрахимович.

Иако се чини нестварно дека во Мадрид би се откажале од својот носител на играта во моментите додека, како што вели тренерот Жозе Мурињо, се гради тимот за големи работи, наводно во Милан се подготвени да се откажат од услугите на шведскиот напаѓач и да му понудат на Реал пари со кој би се омекнал нивниот крут став.

Ибрахимович сеуште е играч на Барселона на позајмица меѓу “росоњерите” кои ќе имаат право да го откупат на крајот на сезоната за 24 милиони евра. Отплатата на Каталонците е можна на три рати од по осум милиони евра годишно.

Управата на Милан сака да го привлече Роналдо со плата од 15 милиони евра по сезона, што е бројка до која сеуште никој не се ни доближил.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi